Овоштарите го блокираа патот Градско-Прилеп

0
475

Еден час траеше блокадата на регионалниот пат Градско – Прилеп кај Росоман со која овоштарите изразија револт поради немањето пласман, а исфрлија и праски.

Доколку не се реши проблемот, како што изјавија, протестот ќе се радикализира. Се размислува и за исфрлање праски пред Влада.

– Критериумите на рускиот пазар се зголемени, 50 денари гајба за домашен пазар, извоз скоро и да нема, рече претседателот на Здружение на овоштари „Росоманска долина” Игор Милошевиќ.

Росоманскиот градоначалник Стојанче Лазов рече дека цената е рекордно ниска, само гајбата чини 25 денари. Повика на барање алтернативни пазари и интервентно решавање на кризата зашто, нагаси, во прашање е доведен опстанокот на општината.

Овоштарите се заканија дека ќе ги исечат прасковите дрвца, а тогаш штета ќе има и државата. Имаат непотврдени информации за увоз на праски од Албанија и Грција.