Оживување на македонските носии

0
216

Секоја година фестивалот Илинденски денови нуди по некој новитет за публиката. Имено во рамките на фестивалот во културниот центар „Магаза“, беше
претставена првата
ревија на народни носии, односно сценско уметнички проект на Бојан Петковски. Настанот се одржа под насловот „Традицијата оживува“.

Самото одржување на традицијата ги оживува вредностите на минатото, а во ревијата се вклучија уметници од ансамблот „Македонија“ кои носеа носии на невеста, млада невеста, жена во средно доба, стара жена и стара жена во жалост.
На почетокот на настанот
беше претставен документарен филм -Облековната традиција на Долни Полог.

Ревијата на народни носии „Традицијата оживува“ по претставувањето на Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ во Битола, во наредниот период ќе биде презентирана во Штип и во Скопје.