Озрен Грабариќ пред премиерата на Дневникот на лудиот

0
207

 

Музичкиот тетатар кој својата премиера ќе ја има на 10 ти јуни, создава современа музика за театар и танц, современи форми на опера, музички и театарски експериментални изведби.

Продукциите во истиот покрај литературни текстови и музички партитури, ќе се темелат и врз општествената клима и локалниот контекст и на тој начин ќе поттикнуваат соработка со различни автори и изведувачи на различни јазици.

Monoopera_-_2.jpg

Една од тие соработки е токму за првиот проект Дневникот на лудиот, со хрватскиот актер Озрен Грабариќ.

Она што ни го раскажа за време на самата проба кога ги посетивме, е дека е посебно задоволството што токму во Битола ќе има премиера, во градот во кој се запознале неговите баба и дедо.

Освен сентименталната страна, Грабариќ е задоволен што повторно соработува со Марјан Неќак, а за самата премиера вели дека нема посебни очекувања освен како и тој и публиката да се забавува па на крај самата да донесе заклучок околу пораката на главниот лик.

За видеото се погрижи Марин Лукановиќ за кого ова е трета соработка заедно со Неќак.

Monoopera_-_3.jpg

Презентацијата на проектите во Македонија а потоа и надвор од неа, имаат за цел да привлечат нови уметници кои ќе создаваат во овој театар, и ќе трагаат по различното.

После премиерата на 10 ти јуни,моно операта Дневникот на лудиот ќе биде изведена на 11 ти и 12 ти.