Пад на температурите во наредните денови

0
468

Во Македонија денеска умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и топло. Многу повеќе сонце се очекува во западните и југозападните предели. Ќе дува дооумерен југозападен и југоистикн ветер кој ќе достигне брина и до 50 км/ч. Утринските температури од 8 до 18 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 23 односно до 32 степени. УВ инедекот ќе има вредност 6.

Во доцните вечерни часови но и во текот на ноќа во севените и североисточните предели не е исклучена можноста за сосема слаби локални врнежи.

Македонија во среда и четврток ќе биде под влиијание на северно воздушно струење, кое ќе услови посвежо време со пад на утринските и дневните температури. Ќе биде претежно сончево, ветровито и свежо. Во среда максималнитет температури од 14 до 23 степени, додека пак во четврток Утринските температури од 0 до 8 степени, а максималните од 15 односно до 24 степени. Во петок и сабота умерено облачно со сончеви периоди со максимална температура од 18 до 27 односно од 17 до 26 степени.