Падна договор, а за тоа кога ќе има избори ќе се договорат до крајот на август

0
666

Договорено е техничката влада да биде формирана 100 дена пред изборите, а изборниот датум да се утврди на нова заедничка средба до 31 август.

Четирите политички партии се согласија:

– Изборниот законик да се промени до 22 јули и да се земе предвид она што го договорија партиите.

– 171.500 лица ќе бидат ставени на посебен список со ѕвездичка и нивното право на глас не е спорно.

– Списокот од 39.502 лица ќе биде објавен од ДИК три дена по усвојувањето на измените во изборниот законик.

– Овие лица ќе можат да потврдат и да се пријават во рок од 25 дена за да останат на Избирачкиот список.

– Тројца или повеќе членови можат да побараат дополнителна контрола на кое било име од списокот, со тоа што ќе побараат лицето лично да се појави во земјата или да се комуницира преку видеоврска, доколку е во странство. Дополнителната контрола ќе „добие“ дополнителни 10 дена по истекот на првите 25 дена.

– Лицата што нема да се потврдат на списокот, ќе бидат избришани, но ќе можат да се пријават пред изборите.

Во однос на медиумите договорено е да се формира ад-хок тело што ќе го надгледува почитувањето на изборниот закон од страна на медиумите. Ова тело ќе се формира во рок од 30 дена од постигнувањето на договорот и ќе функционира до крајот на изборниот процес. Ќе има пет члена, при што четворица ќе ги избираат четирите политички партии, а најмалку еден член треба да биде Албанец. Овие пет члена во рок од 15 дена ќе го изберат и петтиот член.

– Сите казни за медиумите ќе бидат намалени за 50 проценти.

– Ниту еден медиум или новинар нема да се казни за изразување на своето мислење.

-Ниту еден медиум не може да биде затворен според овие процедури

-Во консултација со другите партии, најголемата опозициска партија ќе го именува главниот уредник на информативната редакција во МРТВ 100 дена пред избори.

-Ќе се овозможи 24/7 албански канал на МРТВ.

Со договорот с епредвидува до 31 август лидерите на четирите партии да направат проценка колку се исполнети условите за избори и ќе го утврдат датумот за избори со потпис на договорот.

Во однос на преодната влада, доколку изборите се одржат во 2016 година, новата влада ќе биде изгласана во парламентот 100 дена пред договорениот датум.

-Бројот на именувања на раководни лица во МВР ќе биде ограничен на 15 лица.

-Владата автоматски ќе ги потврди иемнувањата на министерот за внатрешни работи и хоризонталните прераспределби на персонал најмногу до 10 отсто од бројот на хоризонтални трансфери, при што како основа се зема просекот на такви трансфери во 2013 и 2014 година.

-Мандатот на дополнителните министри заменици министри завршува на денот кога ДИК ќе ги потврди официјалните резултати од изборите.

-Замениците министри во МВР и во Министерството за труд и социјала ќе работат до формирањето на новата влада.

Во другите договорени прашања спаѓа и поддршката за СЈО.

-Ако Уставниот суд одлучи дека законот за СЈО е неуставен, четирите партии се обврзуваат на усогласување на законите со одлуката на Уставниот суд и во рок од пет дена повторно да се воспостави канцеларијата на СЈО.

www.mkd.mk