Падна првиот снег во Европа

0
4256

Изминативе 48 часа во источниот дел од Европа владее вистинска зима. Температурата во овој регион е за 5 до 7 степени пониска од просечната за овој дел од годината. Овој фактор, комбиниран со големата количина на влага која ја „внесува“ во овие краишта циклонот кој се наоѓа со центар на северниот Јадран, обезбедија идеални услови за снежни врнежи, пишува МетеоПро.

Аномалија на температура на 2 метри во однос а климатолошки период 1981-2010, за период 6 – 13 октомври.

Информации за формирана снежна покривка доаѓаат од Русија, Полска, Словачка, Германија, Романија… Интересно е што освен на планините, Високи Татри, Карпатите и Алпи, снег има и на надморска височина од само 400 метри во делови од Германија.