Паднал од дрво и починал

0
1186

На 25.03.2017 година околу 13.10 часот во ПС Ресен било пријавено дека во с.Долно Перово дошло до несреќен случај во кој Р.Т. (36) од Ресен починал. Р.Т. сечел на дрва, односно додека стоел на гранка и сечел друга гранка во еден момент гранката се скршила и го потиснала за стеблото, по што починал. Увид на местото на настанот  извршиле Јавен обвинител и екипа од ПС Ресен. Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на семејството за погреб.