Паднал со возилото во Црн Дрим и се удавил

0
211

Н.М. (50) вечерва, од засега непознати причини, со неговото возило завршил во реката Црн Дрим на влезот во Струга и се удавил.

Во близина на местото на несреќата се наоѓа и противпожарната служба. Пожарникарите биле првите кои веднаш стигнале на помош, но за жал Н.М. веќе бил удавен.

 Возилото е извадено, а истрагата на полицијата за околностите на оваа несреќа ќе покаже како се случила незгодата.

Без коментари

LEAVE A REPLY