Паднат систем на првиот ден од екстерното

0
306

Екстерното тестирање на матурантите и годинава започна со проблеми. Учениците неколку часа го чекале стартот на тестирањето поради техничките проблеми со системот.

Дел од матурантите  го почнале испитот навреме, но велат утринските групи имале проблеми.
Според дел од директорите доцнењето било поради технички проблеми но само накратко.
„Започнат е процесот на екстерната проверка на постигањата на знаењата на учениците од завршните години во средното образование, кој ќе трае заклучно со 29 јануари. Според информациите од кол центрите, ангажираните тестатори и набљудувачи, во овој момент процесот се одвива непречено, а во дел од училиштата е и целосно завршен“, се вели во соопштението од Министерство за образование и наука.
Екстерното тестирање минатата учебна година беше најкритикуваната владина реформа поради која учениците и професорите ја бојкотираа наставата и излегоа на протести. Нивните барања беа да се укине екстерното тестирање. Министерот за образование Абдулаким Адеми најави нов концепт во кој ќе бидат вклучени сите засегнати страни, тој политиката ја стави на прво место со што екстерното тестирање остана во втор план.
Матурантите полагаат екстерни тестови сега, бидејќи во јуни треба да полагаат државна матура, која е услов за упис на факултет. За разлика од нив, основците и останатите ученици од средното образование ќе полагаат екстерни тестови кон крајот на претстојната учебна година.

Без коментари

LEAVE A REPLY