Паднатото дрво во Драгор треба да биде отстрането

0
1026

Силниот ветер кој што зафати Битола во изминатите два дена преполови големо дрво во долниот дел на реката Драгор односно кај рибарниците. Дрвото падна во реката. Се случило за време на празникот на Светите Кирил и Методи кој беше и неработен. Средата попладнето го фотрографиравме, а денес го снимивме

drvo 2

-Дрвото падна некаде попладне во вторникот, и еве отогаш поминаа три дена сеуште е во реката. Цела среќа што падна дрвото во реката а не на улица, каде што можеше некој да повреди, вели граѓанин

drvo 4

-Вчера поминав тука, и го видов дрвото дека е паднато во реката. Денес гледам дека се уште е тука.Треба надлежните да дојдат и да го отстранат, вели граѓанин

 

Од општина Битола за Тера рекоа дека дрвото ќе биде извлечено до крајот на денешниот ден.