Пагански обичај или не?

0
874

Свештениците поделени во ставот околу палењето на огновите и општата веселба. Дел од нив апелираат да се напушти славењето на Бадник со големи огнови на јавни места, со веселби на кои се пие алкохол, се јаде многу месо и се слуша гласна музика бидејќи оваа традиција е паганска практика и не е во духот на Бадник, кога треба да се покаже скромност и воздржаност , и посната бадникова вечера како навестување на големиот христијански празник на Христовото раѓање, кое треба да го сплоти семејството, и полноќната божиќна литургија не смеат да бидат заменети со маалските огнови и со култот на греаната ракија. Но, други пак, сметаат дека нема ништо паганско во овој на чин на празнување.

Во палењето на огновите нема никаков паганизам-тврди отец Томе Петковски за Фактор.

Оганот е симбол на оној во пештерата каде бил роден Спасителот. Кај нас, вели отец Томе, свечено се прославува целиот настан, со богата и посна трпеза, се бира кум и свештено лице го благословува настанот.Сите искажувања дека овој настан е пагански се злонамерни и не се во духот на традицијата и радоста. Според него, ниту парите кои ги земаат поповите после благословот не се по ценовник, туку кој колку има, и тие се дарување од страна на кумот на вечерата.

“Јас сум теолог и долгогодишен свештеник и тврдам дека овде нема никаков паганизам. Едноставно со радост и свеченост се пречекува раѓањето христово. Јас сум бил на многу огнови и тоа за мене се достоинствени собирања на православните христијани кои треба да се почитуваат и подржат. Огнови во чест на раѓањето на Исус Христос се палеле уште во 3 век, од страна на првите црковни општини. И јас не одобрувам пиење ракија во големи количества, но ако се пие во умерени граници тогаш може да се дозволи. Исто е и со музиката и со играњето оро околу огновите” – вели отец Томе.