Пакети со производи по повод месецот на постот Рамазан

0
147

Хуманитарната организација „Хилал“, која делува во рамките на Исламската верска заедница во Македонија, денес ја посети Битола во рамките на Хуманитарниот караван за доделување пакети со храна за семејствата со социјални проблеми.

IZJAVI_DJZMIJA_001.jpg

Претседателот на оваа организација Мустафа Даути рече дека во Битола се доделени 200 пакети, кои тежат околу 22 килограми и содржат прехрамбени продукти.

IZJAVI_DZAMIJA_004.jpg

Битолскиот муфтија, Плуми Велиу, рече дека пакетите ќе се носат до домовите, а денес им беа доделени пакети и на две здруженија, Здружението на слепи и Здружението на инвалиди од Битола, велејќи дека хуманоста не треба да има верски и етнички граници.