Пакистан: Во експлозија на бомба загинаа 15 лица

0
285

Во напад извршен од страна на екстремисти врз воен камион во Квета, во југозападниот дел на Пакистан, загинаа осум војници и седум цивили.

Пакистанската војска соопшти дека, во експлозијата се повредени 25 лица, од кои 15 цивили.

Од експлозијата, што се случи во провинцијата Белуџистан, изгореле неколку возила.

Локалните власти наведоа, дека нападот се случил во близина на приватна болница.

http://a1on.mk

Без коментари