Паљачот со нова песна- Кога брич оди на опера

0
1999

Паљачот, Дисторзија и Скрочот, ја претставија својата нова песна во која опишуваат како изгледа „Кога Брич оди на опера“. Аудиото е снимано во „Фуш рекордс“ – Битола, а снимател е Сашо Паркет. Автор на музиката и текстот е Бранко Шпољариќ – Паљач, кој ги пее и сите вокали. Гитарските делници ги свири Зоран Илиевски – Скроч.
Видео кадрите се снимани во Флорида, Њу Џерси и Битола, а во почетокот на видеото се појавува Перица Шпољариќ – Паљач. Видеото го реализираше и режираше Бранко Шпољариќ –Паљач.

– Песната „Кога брич оди на опера“ е создадена случајно (како и сите песни кои досега ги имам напишано)-вели Бранко. Се јавив кај Скроч по телефон да се слушниме и од обичен разговор, од муабет на муабет кога ми кажа каква е состојбата во битола, откако го завршивме муабетот, после неколку саати под влијание на истиот, додека работев ми дојде сам текстот на песната-додава тој.
Паљачот инаку подолго време живее во Флорида, САД, а како што вели, во Битола доаѓа секоја втора година.