Палестинците ги прекинаа сите односи со Израел

0
499

Палестинскиот претседател Махмуд Абас ги прекина сите контакти со Израел се додека не бидат укинати безбедносните мерки во светото место во Ерусалим.

-Прогласувам прекин на сите врски со израелската страна на сите нивоа се додека Израел не се обврзе дека ќе ги укине сите мерки во џамијата Ал Акса и додека не биде заштитетн статус кво, рече Абас.

Тројца Палестинци загинаа, а десетици се повредени во Ерусалим и на Западниот брег во судирите вчера, кои избија откако Израел постави детектори за метал пред комплексот Храмова гора, кое е светилиште и за Евреите и за муслиманите. Израел исто така забрани мажи помлади од 50 години да влезат во Ал Акса на вчерашната молитва.

novatv.mk

Без коментари