Панде Манојлов најпреведуваниот поет од Битола

0
739

Инспирирана од страдањата на бегалците, песната „Бегалци“ од македонскиот автор Панде Манојлов, преведена на арапски јазик, деновиве наиде на огромен одѕив во земјите од арапскиот свет.

Освен оваа и песната Војна и мистика, посветена на страдањата на луѓето од Сирија, Ирак, последните денови е објавена во десеттина медиуми на арапски јазик, италијански и англиски.

– Од почетокот на 2016 година до денес, во повеќе весници, списанија и електронски изданија во неколку држави од арапскиот свет, од кои во Палестина и Јордан најмногу, ми се објавени на арапски јазик десетина мои песни. Ќе напоменам дека само две од нив, со наслов „Бегалци“ и „Војна и мистика“, деновиве се објавени во над дваесет електронски изданија на весници, радија и телевизии-истакнува Манојлов.

Во претходната 2015 година, објавени ми се триесетина песни.

Поетската арапска одисеја на Манојлов, започна некаде во 1982 година кога првата песна со наслов Палестина, беше објавена во весникот Нова Македонија и е една од најобјавуваните песни во десетина арапски држави. Застапена е во нивните учебници и во повеќе антологиски избори.

Во јануари оваа година е примен како почесен член на Друштвото на писателите во Калифорнија.

Во 41-та книга, во бројот 3 на списанието кое го издава оваа асоцијација,е застапен со една песна на англиски јазик со наслов ТЕШКИ ВРЕМИЊА.

Оваа година Манојлов го одбележува јубилејот на 45 години од излегувањето од печат на неговата прва стихозбирка Црвен немир во црвено пламти, (1971 година). Досега објавил 21 книга поезија, проза и театарска критика.