Панде Велески од Мелбурн е осомничен за смртта на француски турист

0
631

Полицијата го сомничи Панде Велески (35) од Мелбурн за прободувањето и смртта на еден француски турист во северниот дел од земјата, во напуштено место познато како Конорс, 100 километри од Алис Спрингс.

Французинот бил прободен со нож отпозади без никаков претходен инцидент или вербална расправија.

mkd-296327

Полицијата информира дека францускиот турист и неговата жена биле на туристичка посета на местото Конорс кога еден човек почна да им се приближува. Без никаква причина тој човек во врат го прободел 33-годишниот Французин и избегал со својот автомобил. Шокираната сопруга го запрела првиот автомобил чии патници се обиделе да му дадат прва помош на францускиот турист и да го пријават случајот.

Автомобилот на Велески бил сопрен од полицијата, а тој избегал. Неколку часа подоцна со помош на хеликоптер Велески бил уапсен, јавија австралиските медиуми.

mkd.mk

Без коментари

LEAVE A REPLY