Пандев и Спировски потпишаа убедлива победа на Македонија против Белорусија

0
341

Македонската А репрезентација ја победи Белорусија со 3:0 на пријателскиот натпревар на Националната арена во Скопје. Нашиот најдобар репрезентативен тим одигра квалитетно, во текот на целиот меч доминираше и заслужено славеше убедлив триумф.
Стефан Спировски постигна гол за водство во 40. минута, потоа следуваа двата гола на Пандев во 61. и во 70. минута. Најпрвин на капитенот му асистираше Тричковски, а за вториот гол асистент беше Алиоски.

Дарко Чурлинов го урна рекордот на Сулејманов. Младиот фудбалер на Келн стана најмладиот репрезентативец во нашата А репрезентација. Селекторот Ангеловски го стави во игра во 82. минута кога влезе во игра место Езџан Алиоски. Со 16 години и 8 месеци Чурлинов го урна досегашниот рекорд на Тауљан Сулејманов со 17 години и 6 месеци.