Паника и евакуација во зградата на полицијата во Шарлот!

0
240

Ова се случува една недела откако  еден црнец  беше убиен во градот од полицаец..Полицијата во американскиот град Шарлот соопшти на Твитер дека во нејзината централа се врши евакуација, а спец  тим проверува сомнителен пакет, пренесоа американските медиуми. Ова се случува една недела откако еден црн маж беше убиен во градот од полицаец. По смртта на 43-годишниот афроамериканец Кит Скот на 20 септември во градот избувнаа протести прераснаа во насилство и судири со полицијата, посочува ТАСС.На денот кога беше убиен, Скот бил во својот автомобил и го чекал својот син, кој по училиште требало да се качи на училишниот автобус. Полицијата тврди дека мажот излегол од автомобилот со огнено оружје во рака и не се потчинил, откако неколку пати му било наредено да остане на место и да го фрли оружјето на земјата. Вдовицата на убиениот тврди дека нејзиниот маж, кој имал на  черепот-мозочна повреда, држел во рака книга и не планирал да наштети никому.

Судски документи сведочат дека пред една година против Скот била издадена забрана, откако тој се заканил да ја  убие сопругата и нејзиниот син, соопштија американските медиуми. Документите покажуваат дека сопругата побарала забрана на 5 октомври. Таа ги предупредила органите на редот,  дека тој е вооружен и носи 9 мм пиштол .

Без коментари

LEAVE A REPLY