Папата Фрањо се сретна со Фидел Кастро

0
265

Ватикан јавува дека Папата Фрањо официјано се сретнал со 89 годишниот, поранешен претседател на Куба, Фидел Кастро.

Интимната средба траела околу 40 минути и во присуство на децата и внуците на Кастро, тие разговарале за проблемите со кои се соочува човештвото.

Папата на Кастро му подарил книга за језуитите од која учел додека одел во католичко училиште, а поранешниот претседател му подарил збирка од своите разговори за религијата со бразилски свештеник. Инаку, Папара Фрањо вчера пристигна во Куба и таму ќе остане до 22 септември.