Папата Франциск ќе го прими Путин на 10 јуни

0
201

Папата Франциск на 10 јуни во Ватикан ќе го прими рускиот претседател Владимир Путин, втор пат по изборот на папата, рече во четврток портпаролот на Ватикан.

„Претседателот Путин ќе допатува во Ватикан на средба со Папата попладне во среда, на 10 јуни“, рече Чиро Бенедети, помошник на портпаролот. Во ноември 2013 година рускиот претседател беше во Ватикан за да се сретне со новиот Папа.

Кремљ најави на 1 јуни дека Путин има намера во следните денови да отпатува во Милано, каде што во моментот се одржува Светска изложба.

Посетата на рускиот шеф на државата на Ватикан се случува во контекст на големите тензии меѓу Москва и Западот заради украинската криза.

Светата столица и Папата ги повикаа Украинците, поделени меѓу православните и католиците, на помирување. Но, Ватикан остана внимателен во та криза, а Папата ја осуди „војната меѓу христијаните“.