Папата Франциск на Лезбос, 10 бегалци ќе вдоми Ватикан

0
364

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско претпладнево допатува на грчкиот остров Лезбос, во, како што најави Ватикан, „хуманитрана и екуменска посета“, со цел да им пружи поддршка на мигрантите и да го привлече вниманието на јавноста на „првата линија на фронтот на европската мигрантск криза“.

Авионот на папата слета на аеродромот во Митилени 20 минути порано од планираното, каде го пречекаа грчкиот премиер Алексис Ципрас, вселенскиот патријарх Вартоломеј и поглаварот на Грчката православна црква, архиепископот атински и сегрчки Јероним.

Во текот на летот кон Лезбос, папата изјави дека ова негово патување е „одбелжано со тага“.

– Ова е тажен пат. Ќе ја видиме најголемата хуманитрана катастрофа по Втората светска војна. Ќе видиме многу луѓе кои страдаат, кои бегаат и не знаат каде одат, изјави папата пред пристигнувањето во Лезбос.

Тој нагласи дека ќе ја посети и „гробницата – Егејското Море“, во кое животите ги загубија „многу луѓе кои никогаш не стигнаа“ до своето одредиште.

Папата Франциск наводно понудил да земе 10 бегалци со него во Италија за време на историската посета на грчкиот остров Лезбос, што се смета за храбар гест на солидарност со мигрантите чиј прилив ја разниша европската политика. Грчката државна телевизија ЕРТ објави дека на осуммина Сиријци и двајца Авганистанци ќе им биде понудено заминување. Вклучувањето на Авганистанците е многу симболичен потег, откако ЕУ престана да ги смета граѓаните од оваа земја како бегалци и не им ги одобрува барањата за азил.