Папата Франциск подготвен за менување на датата за заедничко славење на Велигден

0
222

Римокатоличката црква може да го ревидира начинот на пресметување на датумот на празнувањето на Велигден, за сите христијани да го прославуваат Христовото Воскресение во еден ден, рекол папата Франциск, пренесуваат во саботата агенциите.

Според папата, Римокатоличката црква е подготвена да го разгледува прашањето за заеднички датум на Велигден кој би се одбележувал „во Рим, Константинопол и Москва“. „Се среќаваат католик и православен, и се прашуваат ‘твојот Христос уште не воскреснал? Мојот пред една недела“, го цитира папата Франциск дневниот весник Corriere della Sera.

Римокатоличката црква го пресметува денот на Велигден врз основата на првата полна месечина по рамноденицата во март, додека кај православните цркви пресметката е посложена. Како по правило, разликата меѓу католичкиот и православниот Велигден e една седмица, но некогаш може да се оддолжи до еден месец, а понекогаш и се совпаѓаат.

Според весникот, како возможен единствен датум за сите христијани треба да биде третата недела во април. Идејата за обединување на датумот на Велигден и порано беше напомнувана од папата Франциск, а подготвеноста за промена на календарот во Римокатоличката црква се појави и во времето на понтификатот на папата Павле Шести, од 1963 до 1978 година.

Прашањето за единствен датум на Велигден, според некои кругови во православните цркви, може да биде тема којашто ќе се разгледува на Вселенскиот (сеправославниот) собор кој ќе се одржи следната 2016 година. Таа година католиците Велигден ќе го прослават на 5-ти, а православните на 12-ти април.

Без коментари

LEAVE A REPLY