Папата Франциск пристигна во БиХ

0
219

Папата Франциск во сабота изутрината допатува во државна посета  и пасторален поход во Босна и Херцеговина (БиХ).

Авионот на Alitalia слета на сараевскиот аеродром околу 09.00 часот, каде на Светиот Отец му беше приреден свечен дочек, а во име на државните власти и локалната црква со свечена воена единица го пречеака членот на Претседателството на БиХ Драган Човиќ и босанскиот надбискуп кадиналот Винко Пуљиќ.

Папата се поздрави и со 140 дечиња облечени во народни носии од различни делови на БиХ.

Потоа папата се упати во седиштето на Претседателството на БиХ каде што му беше приредена церемонија на свечен дочек со воени почести и присуство на највисоките фунционери на босанскохерцеговската извршна, законодана и судска власт.

Предвидено е папата Франциск на стадионото Кошево да одржи мисија, на која се очекува да присуствуваат близу 65.000 верници од целиот свет. /крај/

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax