Папата Франциско посети поранешни проститутки

0
379

Станува збор за млади жени, сите на возраст од околу 30 години, кои шверцери на луѓе ги присилиле да се занимаваат со проституција. Жените се спасени од нивните поранешни макроа и сега им е дадено засолниште и заштита во апартман на неоткриена локација, со кој управува една католичка хуманитарна организација.

Средбата и разговорот на поглаварот на Римокатоличката црква со жените, кои се дојдени од Африка, но и од разни делови на Европа, траел повеќе од еден час. Папата Франциско повеќепати досега има изјавено дека шверцот со луѓе претставува криминал кон човештвото.

На сите жени им било ветувано дека ќе им биде најдена работа, но трговците со луѓе ги довеле во Италија и во други земји од западна Европа, за да ги принудат да работат како проститутки.