Папата Франциско во „мисија на мирот“ во кавкаскиот регион

0
205

Поглаварот на Католичката црква, папата Франциско, синоќа допатува во Грузија, која е прва етапа од, како што најави Ватикан, неговата „мисија на мирот“ во реонот на Кавказот.

На аеродормот во Тбилиси папата беше пречекан од грузискиот претсдеател Гиорги Маргавелашвили и поглаварот на Грузиската православна црква, партијархот Илија Втори.

По пристигнувањето, папата повика на почитување на суверенитетот на сите држави во рамки на меѓународното право и на „коегзистенција меѓу народите и земјите во регионот, како неопходен предуслов за мир и стабилност“.

По денешните средби со грузиските лидери, папата ќе го продолжи престојот во кавкаскиот регион со посета на Азербејџан.