Папата ги повика верниците да не губат надеж

0
323

Откако Велика недела, седмицата пред католички Велигден, ја одбележаа терористичките напади во Брисел, челникот на Римокатоличката црква папата Франциск ги повика 1,2 милиони католици во светот да не губат надеж во овој мрачен свет.

„Да не им дозволиме на темнината и на стравот да нé одвратат и да нé контролираат“, порача папата Франциск на хомилијата (беседа) во текот на литургијата на Велигденското бдение во Базиликата на свети Петар.

Папата Франциск веќе неколкупати претходно седмицава, а пота и на литургијата на Велики петок ги осуди терористичките напади во Брисел во кои беше убиен 31 човек, наведувајќи дека следбениците на религиите кои ги изведуваат чиновите на фундаментализам или тероризам го профанираат Господовото име.

Надеждта беше главната тема на саботната вечерна литургија, а папата зборот „надеж“ ги употреби дваесетина пати во текот на кусата хомилија во која зборуваше за христијанското верување во Христовото станување од мртвите три дена по распнувањето на крстот, пренесуваат агенциите.

„Господ да нé ослободи од тоа да бидеме христијани без надеж, кои живеат како Бог да не воскреснал, како нашите проблеми во средиштето на нашите животи“, рече Папата.

Папата Францск во недела ќе го упати благословот и пораката Урби ер орби (На Градот и светот) од Плоштадот на свети Петар во Ватикан, по повод католичкото одбележување на најголемиот христијански празник Велигден, односно Воскресение./крај/мф/сн