Папата им ги изми и бакна нозете на бегалците

0
428

Поглаварот на Римокатоличката црква Францис им ги изми и бакна нозете на муслиманските, православните, хинду и католичките бегалци, прогласувајќи ги како деца на ист Бог.

Францис во прифатниот центар во населбата близу Рим го осуди терористичкиот масакар во Брисел како „гест на војна“ кој го извеле, како што рече тој, крволочни луѓе кои се во служба на индустријата со оружје.

Папата во текот на обредот на Велики четврток традиционално им ги изми нозете на дванаесет луѓе во знак на сеќавање на Исус, кој, според Библијата, им ги измил нозете на 12 апостоли.

„Имаме различни култури и религии, но ние сме браќа и сакаме да живееме во мир“, рече папата.

Неколку мигранти заплакале оти папата Францис клекна пред нив, истурајќи врз нивните нозе света вода од бокал, по што им ги избриша и им ги бакна нозете.

Ватикан соопшти дека во овој ритуал учествувале осум мажи и четири жени.