Парада на гордоста во Белград

0
438
Participants hold a rainbow flag during the annual gay pride parade march in Belgrade, Serbia, September 20, 2015. REUTERS/Marko Djurica

Парадата „Гордост на транс-лицата“ се одржа денеска напладне во паркот „Пионер“ во Белград. Обраќајќи им се на присутните, претставници на транс-населението и на ромската заедница во Србија порачаа дека тие бараат измена на Законот за матичните книги, со цел да можат во личните карти да стојат фотографии поврзани со родот „како се чувствуваат, шминкаат и се облекуваат“ и под име кои самите го избрале.

Говорејќи пред членовите на ЛГБТ-заедницата, мајорот Елена Вуковиќ рече дека е потребна сензибилизација на Министерството за внатрешни работи, на Државниот завод за вработување и на другите социјални и здравствени услуги, кои имаат контакт со транс-луѓето, пренесоа вчера белградски медиуми.

Вуковиќ истакна дека ова е прв пат на „Парадата на гордоста“ да се издвојат лицата со транссексуална ориентација, која закажа нова „Транс-парада на гордоста“ во – јуни 2016 година.