„Парадата на гордоста“ во Белград заврши без инциденти

0
484

„Парадата на гордоста“, која  се одржа во Белград, мина без никакви инциденти.

Учесниците, кои оваа година беа неколку стотици, беа чувани од илјадници полицајци.

Парадата оваа година се одржа под мотото „Љубовта го менува светот“, а учесниците носеа знамиња во бои на виножитото, балони и транспаренти со апели за љубов, мир и за толеранција.

Почетокот на парадата го означи глумицата Мирјана Карановиќ, која повеќе години се залага за почитување и за унапредување човековите права во Србија и за прифаќањето на различностите.

На парадата присуствуваше и градоначалникот на Белград, Синиша Мали, и неколку министри од владата.