Параглајдерист од Чешка загина кај Крушево

0
1310

На 29.07.2017 година околу 13.40 часот на м.в. „Две чешми“ во непосредна близина на Крушево, од страна на спасувачка екипа пронајден е починат Ј.В. (51) од Република Чешка. Околу 13.00 часот од Мечкин камен во Крушево полетал со параглајдер и додека управувал се закачил на дрво, по што паднал на земја и починал на местото. Ј.В.  бил член на чешка аматерска асоцијација за летање. Смртта е констатирана од лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ПС Крушево. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

Без коментари