Парализиран сообраќајот во Атина поради штрајкови

0
362

Во грчката престолнина Атина метрото нема да работи викендов, а автобусите, тролејбусите ќе ја прекинат работата утре поради штрајкот на синдикатите во знак на протест против пакетот закони, изготвени од Владата, пишува весникот „Катимерини“.

Членовите во транспортните синдикати ќе се соберат на митинг утре пред Парламентот. Синдикалните лидери се очекува одново да се сретнат в понеделник за да одлучат дали да преземат следни дејствија.

Службениците на пристаништата Пиреја и Солун исто така ќе ја прекинат работата за време на викендот. Тие протестираат против плановите за приватизација на двете организации.