Пари од донации има на сметка на Црвен крст, но не се знае кога ќе се поделат

0
388

Нема точен датум кога граѓаните кои претрпеа штети од поројниот дожд и невреме што го зафати Скопскиот регион ќе добијат од парите донирани во Црвениот крст.

Од таму велат дека распределбата на средствата што се уплатени на сметкатата на фондот за солидарност  и парите што се собрани преку мобилниот телефон ќе стартува веднаш штом ја добијат листата од владата откако ќе се направи проценка на штетите.
Во моментот на терен владини комисии вршат  увид, што треба да заврши в среда, по што ќе стартува проценката на штети и ќе биде составена листата, вели Саити. Уверува – парите ќе се поделат транспарентно.
На сметката на Црвен Крст донираат граѓани и компании, но на иста жиро сметка се слеваат и средства од сестринските организации на Црвениот крст од другите земји.
На жиро сметката на Фондот за солидарност на Црвен крст до денеска се уплатени 23.298.578 денари или 378.838 евра, а од донирањето на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400 собрани се 12.889.000  денари или 209.577 евра, или вкупно 588.415 евра.