Пари од Креативна Европа за културата и медиумите

0
710

Се одржа информативна сесија за програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија, на која беа презентирани потпрограмите Култура и Медиа. Целта на денешната средба беше да се информираат потенцијалните апликанти за повиците.

Креативна Европа во основа е единствената програма на ЕУнаменета за културниот, креативниот и аудио-визуелниот сектор во Европа вклучувајќи ја и Македонија која од 2014 се вклучи во потпрограмата Култура 2014-20120 на Креативна Европа, а од 2015 се вклучивме во потпрограмата Медиа, програма исклучиво наменета за аудио визуелниот сектор. Буџетот на целата програма е 1,4 милјарди евра, не се наменети исклучиво на Македонија туку за сите земји кои се вклучени во двете потпрограми.