Парична казна за семејство кое хранело бездомно куче

0
264

Во Демир Хисар, каде не постои никаква институција за заштита на животните, ниту стационар, хуманиот граѓанин Марјан е казнет со педесет евра и под закана дека веднаш повторно ќе биде казнет, затоа што даваат храна бездомно маалско куче, стои во соопштението на Здружението Анима Мунди. Во соопштението велат дека кучето извесно време живеело околу зградата и инспекторката се заканувала дека ќе ги казни, по што тие на два пати го дислоцирале кучето во околни села, но тоа се враќало. Од Анима Мунди тврдат дека инспекторката ја искористила работната позиција и повикала комунални редари кои без воопшто да дојдат, направат увид, констатираат дали е кучето бездомно, или со сопственик изрекле парична казна по брза постапка на семејството.

Анима Мунди велат дека имаат докази дека во случајов е искривена фактичката состојба и извршена груба и безобразна злоупотреба, притисок и штета врз едни хумани луѓе.
Велат дека поднеле и пријава против службените лица.
Од Општина Демир Хосар потврдуваат дека има ваков предмет. Инспекторката по службена должност заедно со комунален редар констатирале дека семејството на несоодветен начин чуваат куче во зградата, вели секретарот на општината, Љупчо Ангелевски. Бил направен записник и им било речено во рок од 15 дена семејството да го отстранат кучето, а семејството зело обврска дека тоа ќе го направи. Но кучето повторно се вратило. Била направена повторна контрола и било утврдено дека кучето е повторно таму, па затоа е направен платен налог, семејството да плати мандатна казна од 50 евра. Ангелевски вели дека семејството поднело приговор, а во него пишувало дека кучето не е во нивна сопственост, туку е куче скитник. А според закон, кучињата скитници општината треба да ги лови.
Од општина Демир Хисар потенцираат дека инспекторката постапила согласно законската регулатива. Тие имаат надлежност да постапуваат по пријава, но по службена должност можат да вршат и контрола.
Случајот се наоѓа сега во судот, на одделението за прекршоци.

Без коментари

LEAVE A REPLY