Париз цел на неколку терористички напади, 60 мртви

0
741

Најмалку 60 луѓе загинале во пукотниците и експлозиите што вечерва направија хорор во Париз, а уште толку се заложници во концертната сала Батаклон во Париз.

Францускиот претседател Франсоа Оланд прогласи воена состојба во Франција и нареди затворање на сите граници.

Оланд изјави дека знае кој стои зад нападите, но не посочи никого директно. Француските медиуми, пак, во своите извештаи, повикувајќи се на неименувани извори, објавуваат дека зад нападите стои Исламска држава, чии припадници со ова се одмаздуваат за случувањата во Сирија.

Локалните медиуми јавуваат дека неофицијално се работи за вкупно четири напади на четири различни локации во Париз.

Нападите почнаа нешто по 21 часот, а цел беа ресторани, шопинг центар и концертна сала, во која сега држат заложниците.

По пукањето, се слушнале и три експлози во близина на парискиот стадион каде што се играше пријателски фудбалски натпревар помеѓу Франција и Германија.

На трибините бил и францускиот претседател Франсоа Оланд кој веднаш бил евакуиран од безбедносните служби.

Според француските медиуми, точната бројка на заложници во концертната сала не се знае, иако се шпекулра и со 100.

Локалната телевизиска станица БФМ јавува дека еден човек излегол од концертната сала и почнал да пука во воздух извикувајќи „Алах акбар“ и „Ова е за Сирија“.

Без коментари

LEAVE A REPLY