ПАРК(инг) ден во Битола

0
657

Од околу 80 земји во светот, Македонија поточно Битола по втор пат се најде на мапата во одбележувањето на ПАРК(инг) денот.Настанот има за цел да  го трансформира паркинг-просторот во простор на кој главен акцент ќе биде развивањето зелени идеи. Практично ПАРК(инг) ден претставува светски настан за подигнување на свеста за вредноста на јавниот простор, кој се одржува секој трет петок во септември.

-Целта на настанот е преиспитување на можноста за користење на јавни простори. Паркинзите се трансформираат во парк или урбан простор за заедничка употреба на сите јазици, вели Ана Секуловска, УрбанЛаб-Битола.

Организаторите УрбанЛаб од Битола, група локални архитекти,велат дека јавниот простор припаѓа на сите граѓани,  и не да се одржува еднаш годишно, тука да биде дел од секојдневието. Додаваат дека зелените идеи ќе се развиваат од сите посетители, преку предвидени отворени програмски содржини и активности.

-Преку динамичен начин, преку пракса да покажеме дека јавниот простор може да има поинаков потенцијал за искористување од страна на граѓаните. Ова не треба да биде еден ден во годината, тука треба да стане дел од нашето секојдневие, изјави Ана Секуловска УрбанЛаб-Битола

Настанот е поддржан од Општина Битола, Градски паркинзи – Битола, и ЈП „Комуналец“