Парламентарна комисија препорача одземање на имунитетот на претседателот на Гватемала

0
358

Комисијата на Конгресот на Гватемала препорача на претседателот Ото Перес да му биде одземен имунитетот поради судската истрага за неговото наводно учество во мрежа за царински рекет.

Петчлената комисија соопшти на прес-конференција дека Конгресот можеби за оваа препораката ќе се изјасни уште во вторник.

Претседателскиот судски имунутет може да биде одземен со две третини од гласовите во 158-члениот Конгрес.

Врховниот суд оваа недела го одобри барањето на главниот обвинител за импичмент на претседателот. Доколку Конгресот му го одземе имунитетот Врховниот суд ќе го предаде случајот на обвинителството, кое тогаш ќе може да покрене обвинение против него.

Перес ги отфрла обвинувањата и изјави дека нема да поднесе оставка.