Парламентарни избори во Франција

0
354

Во Франција почна гласањето на првиот круг од парламентарните избори кои се исклучително важни за новоизбраниот претседател Емануел Макрон.

Речиси 47 милиони Французи денеска гласаат во првиот круг од парламентарните избори. Партијата на претседателот Мануел Макрон „Република во движење“ е на прагот да освои една третина од гласовите што во вториот круг за една недела би можело да му донесе огромно мнозиннство, покажуваат најновите анкети.

Во денешниот прв круг можно е, за првпат по 60 години, да бидат поразени и левицата и десницата. Според анкетите, центристичката партија на претседателот Макрон би можела да освои 30 проценти од гласовите.

Аналитичарите во вториот круг му даваат огромно мнозинство на Макрон.

Макрон ги повика гласачите да му дадат силен мандат за да го реформира пазарот на труд, чии строги правила за вработување и отпуштање ја ограничуваат економијата, според многу експерти. Претседателот беше министер за економија во претходната социјалистичка влада и започна воведување на реформи, предизвикувајќи масовни демонстрации минатата година.

Далеку зад партијата на Макрон е конзервативната партија на Републиканците и нивните сојузници, кои би можеле да бидат главната опозициска сила.