Парламентарни избори во Холандија – пресметка меѓу Руте и Вилдерс

0
238

Гласачките места во Холандија денеска се отворени, а резултатот од гласањето на парламентарните избори се очекува со нетрпение во Европа.

Во Холандија има 12,9 милиони граѓани со право на глас. На изборите учествуваат 28 партии односно 1.114 кандидати, кои се борат за 150 места.

Според аналитичарите, главната битка ќе се води меѓу Либералната партија (ВВД) на холандскиот премиер Марк Руте и Партијата за слобода (ВВП) на екстремниот десничарски Герт Вилдерс.

Резултатите од последната анкета зборуваат дека Вилдерсовата антиевропска и антиисламска партија може да ги постигне најдобри резултати од формирањето во 2006 година, иако тоа не значи дека ќе се најде во владата.

Се очекува дека следната холандската владина коалиција ќе биде составена од повеќе партии, кои се изјаснија дека нема да формираат коалиција со Партијата за слобода.

Иако со месеци се наоѓаше на водечката позиција, Вилдерс падна на второто место, а сега има помалку поддршка во однос на партијата на сегашниот премиер Марк Руте.

Вилдерс се залага за затворање на џамиите, забрана на Куранот, затворање на границите и за излегување на Холандија од Европската унија.

За да победи на изборите тој треба да освои најмалку  76 пратенички места.

Според последните анкети, партијата на Руте може да освои меѓу 23 и 27 од 150 пратенички места, аи антиимиграциската партија на Вилдерс би можела да смета на максимум 23 пратеници.

Благодарение комплексниот пропорционален изборниот систем, дури и малите партии може да се борат за одреден број на пратенички места и истовремено можат да добијат важна улога во формирањето на новата влада.

Во обид да ривлечат индивидуални неопределени гласачи, Вилдерс и холандскиот премиер Марк Руте за време на кампањата изјавија дека граѓаните на Холандија, кои имаат имигрантско потекло, да се однесуваат нормално и се прилагодат на холандските вредности, ако тоа не го направат можат да одат надвор од Холандија.

Најголемата дебатата за време на изборната кампања се водеше околу здравствената заштита, пензиите и условите за работа.

Иако официјалните резултати од изборите треба да биде објавени на 21 март, нов холандски парламент може да се формира два дена подоцна, но преговорите за формирање влада може да траат неколку месеци.

Досега во холандската практика се наведува дека во просек се потребни три месеци за да формира влада./крај/мф/кс