Парламентарни избори во Хрватска

0
311

Парламентарни избори се одржуваат во недела во Хрватска, на кои 3,74 милиони гласачи по вторпат за само десет месеци ќе одлучуваат за составот на хрватскиот Сабор.
Во 07 часот беа отворени 6.500 редовни избирачки места, како и 105 посебни изборни места на кои гласаат привремено запишаните гласачи. Војската, затворениците, морнарите и социјално згрижените граѓани гласаат на 152 изборни места.

За 151 пратеничко место се натпреваруваат околу 2.500 кандидати, а на бирачите во 11 единици им се нудат 177 листи и 29 кандидати во 12.малцинска единица.

Предвремените избори ги надгледуваат околу 12 илјади посматрачи, најмногу од ХДЗ, речиси осум илјади.

Првите изборни резултати се очекуваат во недела на полноќ

Без коментари

LEAVE A REPLY