Партибрејкерс вечерва настапуваат во Битола

0
234

Порака за мир, хармонија и единство ќе пренесе големиот концерт на белградската рок атракција “Партибрејкерс” вечерва на Широк сокак во Битола, најави денеска на прес конференција во Битола фронтменот на “Партибрејкерс”, Зоран Костиќ.

“Партибрејкерс” вечерва настапуват на големиот музички хепенинг на сцената на Широк сокак со почеток во 21 часот.
“Пораката на групата Партибрејкерс каде и да одиме е дека луѓето на тие места не се оставени на милост и немилост во оваа сурово време во кое живееме. Ние со нашата музика мислиме на нив. Порака за мир, хармонија и единство ќе пренесе нашиот концерт вечерва во Битола, со цел, барем на час и половина, да заборавиме на сите глупости кои не опкружуваат. Верувам дека вечерва во Битола ќе биде многу убаво и дека ќе паметиме дека сме биле овде. “-рече лидерот на “Партибрејкерс”, Зоран Костиќ, додавајќи дека со Битола е емотивно поврзан: “Многу ми е драго што сум тука во Битола бидејќи во овој град имам и роднински врски и сум емотивно поврзан со истиот. Битола е стар град. Првиот клавир на Балканот е донесен овде. Тоа е градот на Милтон Манаки. Па и Партибрејкерси овде супер ќе поминат.”-рече тој.
312
Концертот на “Партибрејкерс” е во рамките на меѓународниот арт фестивал “Битола Отворен Град 2015” во организација на Младинскиот Културен Центар Битола.
“Сцената на Широк сокак веќе е поставена. Се е подготвено за една голема журка вечерва. Рок концертот на Партибрејкерс пред битолчани ќе биде концерт за паметење.” – рече Златко Талевски, извршен директор на МКЦ Битола.
Со гостувањето на фестивалот “Битола Отворен град 2015” во рамките на Битфест, “Партибрејкерс”, премиерно ќе настапат во Битола. Нивниот голем концерт на Широк сокак ќе биде отворен за сите љубители на музиката.