Партиите без напредок за специјалниот обвинител

0
2332

Надлежностите и законската рамка за работата на специјалниот јавен обвинител и вчера беа тема на дискусија за која, според партиски извори, и натаму постојат големи разлики меѓу работните групи на четирите партии.

Оттука останува неизвесно дали ќе се оди со посебен закон како што бара СДСМ и за што на претходната средба на работните групи предложи нацрт закон или пак, како што предлага ВМРО-ДПМНЕ, со подзаконски акти.
Иако се шпекулираше и дека ќе се бара специјалниот јавен обвинител да има надлежност директно да бара приведување, како и за овие предмети да постапува специјален истражен судија, сепак партиските извори додаваат дека такво барање нема, бидејќи тоа не е предвидено со договорот од Пржино и за тие предмети ќе постапуваат постојните судови.
Засега, според она што како неофицијално се дознава, нема никакво приближување на ставовите на партиите.
Деновиве и министерот за правда Аднан Јашари во интервју рече дека работата на специјалниот обвинител треба да се уреди со специјален закон, бидејќи, како што истакна, со подзаконски акти би дошло до конфликт на надлежностите и пречки во работата.

Без коментари

LEAVE A REPLY