Партиите денеска на разговор кај Џафери

0
526

Заврши неформалната, консултативна средба на претставниците на парламентарните политички партии во Собранието на Република Македонија, на која не учествуваше претседателот на Собранието Талат Џафери.

На средбата од ВМРО-ДПМНЕ присуствувал пратеникот и министер Никола Тодоров, Оливер Спасовски од СДСМ, Зекирија Ибраими од Беса и претставници на двете останати собраниски партии.

Никој не даде изјава за што всушност разговарале пратениците, ниту пак кој ја иницирал оваа средба.

Талат Џафери вчера изјави дека во понеделник ќе свика координација на пратеничките групи за итно решавање на проблемот со мандатот на локалната власт.