Партиите се вратија на заедничка маса, нов обид за решение на спорните прашања

0
206

Нов обид на работните групи на четирите политички партии со посредство на европскиот посредник Питер Ванхауте да се најде решение за отворените прашања за Законот за Влада, законот за бомби и за таканаречените свиркачи, како и за Анкетната комисија.

Претставниците на партиите од претпладнето на разговори повторно за жешкото прашање за Законот за Влада но и натаму каменот на сопнување останаа ингеренциите на новите министри, како и правото на вето на замениците министри.

Од СДСМ бараат нивните министри да ги имаат сите надлежности а не да бидат само технички поставени на функција на кое пак инсистира ВМРО-ДПМНЕ. Ванхауте денеска воздржан од било какви изјави, кратко рече дека преговорите и натаму се водат.