Партијата на Бојко Борисов води на изборите во Бугарија

0
632

Партијата Граѓани за европски развој на Бугарија ГЕРБ на Бојко Борисов e во водство на парламентарните избори во Бугарија со освоени 32,8 отсто од гласовите пред својот главен противник  Бугарската социјалистичка партија на чело со лидерката Корнелија Нинова која освои 28,4 отсто. Ова се првични неофицијални податоци од изборите во Бугарија.

Денешните предвремени парламентарни избори во Бугарија се тест за социјалистите кои важат за блиски до Русија, да спречат повторно да се врати на власт конзервативната партија Граѓани за европски развој на Бугарија ГЕРБ на Бојко Борисов, кој во два мандата беше премиер на земјата.