Партијата на Макрон победи на парламентарните избори во Франција

0
293

Партијата на францускиот претседател Емануел Макрон освои убедлива победа на вчерашниот втор круг на изборите за Долниот дом на парламентот, покажуваат официјалните резултати. Со скоро сите изброени гласови партијата на Марон и нејзините партнери добија 351 едно пратеничко место од 577 во Националното собрание. Претходните проценки покажуваа дека Макрон ќе има над 400 пратенички места. Германската канцеларка Ангела Меркел му ја честита победата на Макрон изразувајќи надеж дека „добрата соработка меѓу Берлин, Париз и Европа ќе биде продолжена“.

Без коментари