Партиски или непартиски членови во Советот на млади?

0
513

Советот на млади на Општина Битола е исполитизиран. Дури 95% од неговите членови се членови на УМС на ВМРО ДПМНЕ. Вака обвинија од опозицијата на 46 седница на Совет на која се расправаше околу годишната програма за работата на Советот на млади на Општина Битола за 2016 година. Од ВМРО ДПМНЕ  пак со став дека, Советот на млади е формиран со одлука на битолскиот Совет

– На првата страница пишува Совет на млади на Општина Битола. Тука во старт ви е направена грешка. Како што го имате испартизирано и исполитизирано општеството , можам да кажам дека и овај Совет е исполитизиран , изјави Менде Илиевски советник од СДСM.

– Советот на млади е советодавно работно тело на Советот на Општина Битола кој се основа за активно вклучување на младите во јавниот живот во Општина Битола, изјави Јовица Богоев, советни од ВМРО-ДПМНЕ

И власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања, за тоа кој ги поценувал младите во битола

-Младите се стремат да придонесат до јакнење на младинските организации во Битола, преку нивните претставници во Советот на млади. Страшно е тоа што немате идеа до младиснкиот Совет , и со тоа ги потценувате младите, изјави Елена Трајчевска советник од ВМРО-ДПМНЕ

– Вие сте тие кои ги потценувате младите затоа што во 2015 година младите со окупирање на факултетите ги бараа своите права, бараа да не полагаат екстерно тестирање итн, а цело време наоѓаа затворени врати од страна на власта, изјави Методија Илиевски советник од СДСМ

Дискусијата се вжешти кога на говорница излезе советничката од Габриела Илиевска која обвини за постојаните дофрлања и прекинувања од страна на своите колеги од владеачката партија

– Секое мое говорење на говорницата завршува на овај начин Ако го споменам името пак на градоначалникот мислам дека ќе ми го земете микрофонот. Ако прашам од која партија доаѓаат ме напаѓаат 10 души, рече  Габриела Илиевска советник од ВМРО НП

-Претседател на Совет на млади е член на ВМРО-ДПМНЕ и беше кандидат за советник, рече Јовица Богоев, советник од ВМРО-ДПМНЕ

Советниците ја усвоија Годишната програма за работа на Советот на млади на Општина Битола