Партиски реакции за одлуката на Уставен

0
398

Со одлуката на Уставниот суд, според СДСМ, Никола Груевски признава дека ги крадел изборите и нивното основно право за слободно гласање.

„Срамната одлука на Уставниот суд не е ништо друго освен класична злоупотреба на партиските инсталации во судството со надеж дека Груевски ќе се спаси од одговорноста дека ќе ја спаси сопствената кожа. Затоа беше поднесена оваа иницијатива до Уставниот суд и затоа експресно беше реализирана. Затоа беа организирани контрапротести со притисок врз вработени во јавната администрација, велат од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека остануваат на истиот став околу Законот за помилување како и во 2009 година.

„СДСМ мора да престане да врши притисоци врз судската власт и да се заканува кон сите што не работат по нивен диктат. СДСМ мора да сфати дека завршија времињата кога можеа преку еден повик да извршат влијание врз судиите и обвинителите.“

Според ДУИ одлуката на Уставниот суд ќе има последици и ќе отвори многу дилеми во општеството.

„Се поставува моралното прашање? Што сега со оние кои одлежале затвор врз основа на овие норми доколку тие биле противуставни? Така што се отвораат многу дилеми во општеството и ова всушност ги охрабрува сите кои намислуваат да ги прекршат изборните процеси во иднина и делата да се повторат“, вели Џафери.

Без коментари

LEAVE A REPLY