Партиските лидери да преземат одговорност

0
356

Партиските лидери да преземат одговорност и да ги стават интересите на државата пред партиските, кратко изјави специјалниот пратеник на Германија, Јоханес Хајндл, по денешните средби во Тетово со лидерите на ДУИ, Али Ахмети, и на ДПА, Мендух Тачи, со што ги заокружи разговорите со потписниците на Договорот од Пржино.

Вчера во Скопје Хајндл разговараше со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, како и со претседателот Ѓорге Иванов и со претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.

Хајндл по разговорите со Ахмети и со Тачи во нивните партиски седишта, за медиумите само уште рече дека неговите ставови остануваат на линија со претходните соопштенија на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, и на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан